Вести

ФОТО: Пристигна и последниот воз, инвестиција вредна 25 милиони евра

Денеска пристигна и последниот шести воз за возниот парк на Македонски железници од проектот на владата на Република Македонија за обнова на возниот парк за македонски железници. Станува збор за инвестиција од вкупно 25 милиони евра.

Со ова воедно се заврши процесот на пренесување на возовите и сега се очекува да поминат сите процедури за да можат истите да бидат пуштени во употреба.

voz2

-Сакам да потенцирам дека е потпишан и договор за нови локомотиви во вредност од 8,7 милиони евра и многу набрзо очекуваме да почнат со работа нови четири локомотиви кои ќе значат многу за Македонски железници. Паралелно се прават и повеќе железнички станици во Република Македонија на коридорот 10 кои се во завршна фаза и се очекува нивниот технички прием да заврши многу набрзо и останува само една во Гевгелија која се уште се работи, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

misajlovski

Тој истакна дека тие како Министерство за транспорт и врски и во иднина ќе продолжат со инвестициите во железницата и во Министерството се ставени дополнителни средства во износ од 360 милиони денари дирекнто за помагање на железниците, платите и сите трошоци кои ќе ги има Македонската железничка.

Директорот на Македонски железници  Никола Костов потенцираше дека со ова е завршен проектот за набавката на нови патнички возови и со тоа се обновил возниот парк на Македонски железници со речиси над 60 отсто.

-Со подршка на владата треба да се обноват уште 40 проценти од возниот парк и после 40 години за прв пат возниот парк  ќе го обновите за 100 проценти. Во таа насока со поддршка на владата го обновуваме и товарниот сообраќај, така да и овие нови локомотиви кои треба да стигнат во текот на оваа година и почетокот на следната година мислам дека ликот на Македонски железници целосно го изменивме и добива еден современ, модерен лик, истакна Костов.

direktor

Новите возови се очекува да возат на релацијата Скопје-Гевгелија, а ќе бидат пуштени во употреба следниот месец.