Вести

ФОТО: Еуфорична атмосфера во штабовите ВМРО-ДПМНЕ- членството подготвено за победа

Во победничка и еуфорична атмосфера општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид синоќа одржа состанок.

 

Штабот беше претесен да ги собере сите  членови и симпатизери кои со скандирање и овации покажаа дека се подготвени за изборите. Членството никогаш не било посплотено и не биле толку решени да одговорат на сите предизвици на локално ниво.

Претседателот на општинскиот комитет д-р Кирил Пецаков истакна дека заедно со кандидатот за градоначалник одат  во мисија со која ќе им покажат на граѓаните, на Охрид  дека ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на охриѓани и  ќе работат  Охрид да биде модерен и просперитетен град и дека ќе се борат против деструктивната политика на СДС.

Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе биде д-р Кирил Пецаков.

Ресен
Ресен
Пробиштип