среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 67
home Вести

ФОТО: Македонче е прво бебе годинава во германската област Енцкрајс

ФОТО: Македонче е прво бебе годинава во германската област Енцкрајс

Првото бебе родено во новата година во областа Енцкрајс, јужна Германија, е Македончето Кристијан.

Новогодишното бебе има три килограми и е прва рожба на Анита Блажеска од Илинген, која се породи пред 9 часот на гинеколошкиот оддел при клиниката во Милакер.

Областа Енцкрајс се наоѓа во северозападниот дел од германската сојузна покраина Баден-Виртемберг и има 196.066 жители според податоците од крајот на 2015 година.

Во болницата во Милакер минатата година се родија 550 деца.