Вести

ФОТО: Куманово повторно излезе масовно на улиците за поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Граѓаните на Куманово повторно излегоа на улиците низ градот за да кажат „СТОП“ на разнебитувањето на Македонија.

Во огромен број даваат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која организира протести низ цела Македонија против тиранската платформа.

Петар Темелковски од иницијативата „За заедничка Македонија“ се обрати пред насобраните и, осврнувајќи се на историјата на Македонија, нагласи дека пред повеќе од 100 години Македонија била распарчана во Букурешт, а по 100 години, има залудни надежи дека ќе замре, како што рече, македонскиот збор, песната, орото, нашата славна историја…

– Македонија не е само обична држава. Да беше обична држава денеска немаше да има ниту една прашинка од неа, туку Македонија е икона на Балканот, Македонија е црква на Европа, Македонија е манастир на светот, рече Темелковски.

Маршот почна кај автобуската станица и продолжи во центарот на градот, а  заврши пред плоштадот кај Центарот за култура.

kumanovo3 kumanovo4 kumanovo2

kumanovo