понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Вести

ФОТО: Груевски со своето 20 години старо „Пунто“ го предводи протестниот конвој

ФОТО: Груевски со своето 20 години старо „Пунто“ го предводи протестниот конвој

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со својот 20 години стар автомобил „Фиат Пунто“ го предводи протестниот конвој од автомобили во знак на поддршка на притворените патриоти. Возилото е произведено во 1996-та година и е во сопственост на семејството Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ попладнево во знак на поддршка на притворените патриоти за настаните од 27 април, со почеток 18:30 часот пред Спортската сала „Јане Сандански“  организира протестен конвој од автомобили, кој се движи по следната делница: Собирно место: Спортска сала Јане Сандански, потоа ќе се движи кон – Железничка станица – Зграда на Црвен крст – Рекорд – Бул. Св. Климент Охридски – Бул. Патизански одреди – Рузвелтова – Бул. Илинден – Зграда на Влада на Република Македонија – Основен суд Скопје 1 – Скопје.