Вести

ФОТО: Груевски со поддршка за Вардар од трибините на „Филип Втори“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со пратеникот Јохан Тарчуловски, го бодри Вардар од трибините на градскиот стадион „Филип Втори“ каде се играше натпреварот со Фехербахче.

-И пак ние за Вардар, за МАКЕДОНИЈА, напиша Тарчуловски на својот Фејсбук профил.

Македонскиот фудбалски првак Вардар на сензационален начин го победи фаворизираниот турски Фенербахче со 2-0, во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Европа, одигран вечерва на националната арена „Филип Втори“.

Инаку, Груевски и од Лахнес Арената во Келн го бодреше Вардар во полуфиналниот меч против Барселона во ракометната  Лига на шампиони.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, често може да се забележи на фудбалски натпревари. Тој неодамна од трибините на градски стадион, заедно со семејството, го следеше и натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.