Вести

ФОТО: Членовите на УМС-Кисела Вода со еколошка акција за собирање на пластични шишиња и хранење на птиците

Членовите на Унијата на млади сили на Општина Кисела Вода денеска направија еколошка акција за собирање на пластични шишиња низ парковите во нивната општина.

 

Тие откако ги собраа пластичните шишиња ги искористија за полнење со храна и местење на дрвата како би можеле да ги наранат птиците во нивната општина.

Шишињата со храна беа поставени на различни дрва во неколку населени места и тоа во Кисела Вода, Усје и Драчево.