Вести

Еве какво време не’ очекува од утре

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд во североисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени.

 

prolet

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на јужно воздушно. Времето ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност и потопло, освен во вторник кога повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Утре ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во наредните денови умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.