Вести

Двојни аршини на политичката правда

Правдата треба да е еднаква за сите и сите треба да се еднакви пред правдата. Ова е теоријата, но во пракса судството во Македонија во моментов е на колена. Правните аргументи и законите не ги гледа никој. Стравот, сервилноста, додворувањето и конформизмот се единственото мерило по кое што Јустиција во Македонија ја дели правдата. Ако некој има меѓународна поддршка или врши политички притисок, ќе доби рочиште кога сака и пресуда каква сака. Фактите и доказите не се важни. Важно е нарачателите да бидат задоволни.

За Заев рочиште на месец ипол, а за конструираните предмети на СЈО има по четири рочишта месечно.

Денеска се одржаа две рочишта. Едно за предметот „Поткуп“ во кој што Зоран Заев е обвинет за барање поткуп и второто по предметот поврзан со протестите пред Општина Центар во кој се обвинети 15-тина лица, меѓу кои и Никола Груевски. Реторички, може да се постави прашањето околу исходот од денешните рочишта, но во реалноста, секој што ја следи политичката ситуација однапред го знае исходот.

Следното рочиште за предметот „Поткуп“ е закажано за повеќе од месец дена, односно на 25 декември, а во истиот период се закажани термини за одржување на уште четири рочишта од предметот поврзан со протестите пред Општина Центар. Сите обвинети во овој предмет ќе мора да доаѓаат на суд и на 29.11 и на 7.12 и на 18.12 и на 27.12. Иста е ситуацијата и со апелацискиот суд. На 27.11 е закажана седница на која што судот треба да се произнесе по неговото барање за отфрлање на снимките од посебните истражни мерки каде што Заев бара поткуп од едно евро за Вице и едно евро за црквата по квадратен метар. Барање кое е документирано со посебни истражни мерки и во кое јасно се гледа дека оштетениот не е прв на кој што се применува овој метод на изнуда на пари, бидејќи му се посочува точно системот по кој што треба да ги исплати.

Апсурдот да биде поголем, Зоран Заев е тој што бара законски прибавената снимка да не се користи како доказ бидејќи била јавно емитувана, а тој се обиде да изврши пуч, односно бараше смена на власта заканувајќи се и емитувајќи незаконски снимени, монтирани материјали. Најголемиот апсурд е во тоа што Апелација Скопје веќе два месеца го разгледува ова барање.

Кога исти такви барања стигнуваа од СЈО, судот закажуваше и по две рочишта на ден, одлучувајќи во најкус можен рок. Односот на Заев кон судството и судовите кон Заев не се ништо ново. Зоран Заев и кога беше во опозиција отворено кажуваше дека не го признава судот, ниту има намера да ги почитува судските одлуки.

Две години не може да му се суди на Заев за поткупотПредметот против Заев беше процесуиран уште во март 2015 година. Пред повеќе од 2,5 години МВР поднесе пријава против Зоран Заев поради основано сомнение дека сторил коруптивно кривично дело “примање поткуп“ по член 357 од кривичниот закон. Тогаш полицијата го осомничи струмичкиот градоначалник затоа што побарал подарок по две евра од квадратен метар. Едно евро за Вице, а едно евро за црквата. Според пријавата, станува збор за две градежни парцели со вкупна површина од 100.000 метри квадратни, кои се наоѓаат во Струмица и требале да бидат приватизирани. Следствено на тоа, побаран е поткуп во висина од 200.000 евра. Заев беше обвинет заради тоа што знаејќи дека оштетениот за ова земјиште има право на користење, му понудил да издејствува кај службените и одговорните лица надлежни за водење на постапките за откуп на земјиштето, да се завршат сите подготовки за отпочнување и завршување на процедурите, по што како градоначалник на општина Струмица би донел конечни Решенија, доколку му биде даден бараниот подарок од по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште. Исто така оштетениот требало да ја плати и законски предвидената цена за откупот на земјиштето од  околу 70 денари за еден метар кавдратен.

Од тогаш беа закажани голем број рочишта. Сосема очекувано, сите до едно се одложија. Причините предизвикуваа потсмев и шеги во јавноста, а понижување за судот и целата правна фела. Само годинава одложени се седум рочишта. Судот го одложи рочиштето на 24 јануари, на 23 февруари, на 3 април, на 4 мај, на 27 јуни, на 27 септември и денеска на 20 ноември. Седум закажани па одложени рочишта за единаесет месеци. Прилично различно од динамиката со која се суди по предметите на СЈО каде во еден месец се закажуваат по четири рочишта. Истото се случуваше и минатата година, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори. Медиумите и јавноста беа зачудени за „толерантноста“ на судот кон сите оправдувања за средби со амбасадори или конзули или соработници по амбасади со кои на Заев му беше дозволено да го влече судот за нос.

Двојни стандарди и за притворите. Лекарска нега само за оние за кои ќе каже Заев и НВО

Кон крајот на минатата недела од страна на надлежните беше приведен Александар Динески за доиздржување на затворската казна изречена во предметот „Шпиун“. Веднаш по неговото приведување почна притисокот врз институциите за негово ослободување. не поминаа ниту неколку денови, а Динески беше пуштен на лекување.

Претходно од затвор излегуваа и Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи, а според МВР на викенд бил пуштен и лицето кое што тие го сомничат за убиство на младиот фудбалер мартин Јанушев.

Истите критериуми и истите стандарди не важат и за Едмонд Темелко, единствениот македонец кој е градоначалник надвор од Македонија. Темелко чија здравствена состојба е исклучително лоша, мораше да биде жртва за заплашувањата на СЈО да добијат конкретна форма. Темелко беше приведен и притворен затоа што ја напуштил границата, иако за разлика од Заев секогаш беше достапен за судот и не ги одолговлекуваше рочиштатата. Беше приведен и притворен иако и СЈО и МВР имале информации дека заради неговата функција имал потреба да оди во Албанија, но се вратил. Беше приведен и притворен иако никогаш не изјавил дека не го признава судот и нема да ги почитува неговите одлуки.

Со ваквите одлуки мораше да се потврдат заканите на Фатиме Фетаи дека сите ќе ги гонела до смрт. Впрочем дури и на официјалната средба меѓу претседателите на Македонија и Албанија се говорело за здравствената состојба на градоначалникот Темелко.

Притисоците врз судот и судиите отидоа дотаму што поранешниот Претседател на Основниот суд Скојпе 1 Владимир Панчевски мораше со отворено писмо да бара поддршка од конгресмени.

Неговиот напис го пренесуваме во целост:

Специјалното тело беше формирано како независно тело за да ги истражи сите криминални обвиненија со видео материјали од прислушкувањето на високиот врв  кои беа дадени од опозицискиот лидер.

Сите случаи тој  ги поднесе  на обвинителот  во Судот 1 каде што тогаш јас бев претседател.

Тогаш јас забележав Уставот на Република Македонија познава три столба и тоа Уставна поделба на моќта на законодавната власт (Собрание), извршна власт (Влада) и корективнаво однос на претходните двете е моќта на судии и судството ).

Во првата половина на 2015 година како претседател на Суд 1 бев повикат во политичкото аташе на Девид Стивенсон во неговата резиденција во Бардовци- Скопје, заедно со други македонски експерти за формирање на специјално тело и  бреинсторминг за материјалите за прислушувањето, дискусија за основите на ново Специјално обвинителство и неговите идни надлежности.

На средбата јас нагласив дека ова се незаконски стекнати материјали од лидерот на опозицијата и незаконски беа објавени само за политички цели и политичка борба со владеачката партија и високи функционери и овие незаконско стекнати материјали со прислушување не треба да бидат прифатени  за доказ бидејќи вакви материјали не пропишува законот и не се прифатливи, и дека приватни разговори  се плодови на отровно дрво не смеат да бидат докази во суд.

Тоа беше мое мислење кое секако не беше прифатено од Девид Стивенсон и другите  експерти, тоа беше прва средба со тој човек.

После една година, на  12-ти февруари по закон за специјлен обвинител беше назначена Катица Јанева и нејзиниот тим и на нивната прва конференција беше презентиран првиот случај наречен Титаник и барајќи од Основен Суд Скопје  и имаше неколку високи функцинери  уапсени во притвор базирајќи се на незаконско стекнатите материјали.

Јас лично како претседател, немав контакт со случаите бидејќи  бев посветен на специјалните судии со автоматски систем на менаџирање случаи и независното  донесување на одлуки, јас го кажав тоа и бев јавно обвинет за влијание на судиите за носење одлуки кои не се во корист на Специјалното јавно обвинителство и е како една партија и е само на една страна во судот во процесот на носењето  на одлуки.

На  5-ти ти октомври 2017 јас бев таргетиран од СЈО и полицијата бараше и некомпетентното судство бараше во мојот дом во Гевгелија.

Додека траеше ова јас бев брутално нападнат и следен од специјалниот обвинител Катица Јанева, а судството дозволи криминална истражна процедура.

Тоа заврши со кршење на домашните закони и Уставна поделба употребувајќи физичка сила со ограничување на моите основни човекови права и слободи пред медиумите и пред моите колеги најавуваји дека Владимир според  Судот 1 во Скопје со непочитување на претпоставка дека е невин, бев јавно прогласен за виновен за криминални дела според  Кривичен Законик за прислушување и давање на службени информации од судот и  злоупотреба на моќ пред една година кога бев претседател на судот.

За време на истражувањето, специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и Ленче Ристоска даваа изјави пред судот.

Морам да нагласам дека додека еден од полициските службеници кој беше воден од тимот на СЈО од канцеларијата  го украде  клучот од вратата на мојот дом, што беше документирано на безбедносните камери.

Чив беше предлогот и кој нареди таква злоупотреба на моќ од страна на СЈО и по чија наредба беше тоа јас не знам. Јас пријавив до надлежните институции, но се сомневам дека ќе реагираат. Исто така ова го испратив до амбасадорот Бејли негова екселенција пред еден месец, но не добив одговор се уште за жалбата.

Почитуван г-дине, во очај, но без страв и со чиста совест за овој заговор против мене, љубезно ве замолувам да го разгледате овој случај  и да ги разгледате фактите и инволвирањето на Американската амбасада на следниов ЛИНК.

Како американски луѓе ви даваме доверба и мора да се вклучите, па се надевам дека ќе го разгледате случајот  и ќе го видите ова на мојот Фејсбук профил каде ја објавив злоупотребата на високи функционери  во Американската амбасада  во Скопје.

Ви благодарам.

Со нетрпение го очекувам Вашиот одговор,

Владимир Панчески, судија