Вести

Дума лаже- по нејзина интервенција нашиот снимател беше избркан од седницата на ДИК

Не е точно дека снимателот на „Курир“ сам ја напуштил јавната седница на ДИК во средата, како што тврди членот на СДСМ во Комисијата, Виолета Дума. Вистината е дека по барање на службено лице на ДИК, кое само неколку минути претходно комуницирше со Дума, нашиот снимател беше приморан да престане да снима и да ја напушти седницата.

 

Виолета Дума наместо да се извини за инцидентот кој таа го иницираше на јавната седница на ДИК, продолжува срамно и бескруполозно да манипулира со јавноста тврдејќи дека снимателот на „Курир“ сам си заминал од седницата. Откако Дума неосновано го нападна нашиот снимател и побара да се легитимира, а истото беше направено од негова страна, службено лице побара тој да ја напуштел седницата со банално и паушално образложение дека не сме можеле да снимаме бидејќи не сме биле телевизиска куќа.

-Никој не го избркал, сам си отиде. Јас само прашав од која телевизија се, затоа што немаше лого, а тоа беше единствената камера. Тој ми рече дека е од „Курир“ и тоа беше се, вели Дума во изјава за сдсмовските медиуми.

Сепак, тоа не е сè како што тврди Дума, која го занемарува фактот дека нашиот снимател ја напушти седницата откако од службено лице на ДИК му беше кажано дека не смее да снима, бидејќи бил претставник на интернет медиум.

Истото тоа службено лице, кое при самиот настан го тргна нашиот снимател на страна и му соопшти дека не смее да снима (причина која поради ние не поседуваме снимка од случувањата), неколку минути претходно комуницираше токму со Виолета Дума, која шепотејќи негодуваше зошто камерата снима и беше главен иницијатор нашиот снимател да биде приморан да ја напушти седницата.

-Откако Дума разговараше со него, после кратко време тој дојде и ме тргна на страна надвор од просторијата, со образложение дека не можам да продолжам да снимам бидејќи не сме биле телевизиски канал. Истото тоа лице, пред разговорот со Дума, на почетокот од седницата немаше ништо против тоа да се снима, ниту пак ме праша од кој медиум сум, вели нашиот снимател.

Токму поради ова, наместо да бара снимки за кои и самата знае дека ги нема (поради што и ги бара), Дума треба да покаже барем малку доблест  и наместо да ја замајува јавноста, треба да се засрами од своите постапки.

„Курир“ уредно доби покана за седницата од јавен карактер, поради што никој нема право да го попречи медиумското известување од самата седница. Ние стоиме зад ставот дека нашиот снимател, кој префисонално ги извршуваше работните обврски беше отстранет од седницата токму по иницијатива на Дума и тоа е факт кој таа не може да го негира.

АВМУ го осуди инцидентот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува инцидентот со отстранувањето на снимателот на интернет порталот курир.мк, за време на јавна седница на Државната изборна комисија.

Агенцијата апелира да им се овозможи на медиумските работници, непречено да известуваат за сите настани и случувања.