Вести

Драстичен пад на температурите во Македонија- ова е најниската измерена утрово

Минимални температури беа измерени : 12 Лазарополе, Маврово, Крушево, 13 Берово, 14 Пожаране, Ѓуриште, 16 Крива Паланка, Штип, Виница, Тополчани, 17 Охрид, Прилеп, 18 Битола, Тетово, Струмица, Претор, Куманово, Д. Капија, Скопје, 19 Гевгелија, 20 Дојран.

Наврнат воден талог (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот. 1 Виница, Штип, 3 Крушево, 4 Гевгелија, 8 Д. Капија, 12 Дојран, 15 Струмица, 24 Берово.
 Во текот на ноќта се задржа претежно облачно со умерен, а во Скопје повремено и засилен северен ветер (околу 45км/час). Во вечерните часови и во првата половина од ноќта на места беше и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови (од Мариово до Дојран и Струмица),а локална нестабилност имаше и во планинските подрачја во источните и југозападните делови. Утрово е облачно и претежно суво.
Денес не очекува облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м 2 ). ). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема . Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.  Максималната температура од 17 до 23 степени.
Во Скопје облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максимална температура до 21 степен.
Во наредните денови, локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.