Вести

Досега акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи

За следење на претстојните локални избори во Македонија, во Државната изборна комисија досега се акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи. Во ДИК за следење на изборите досега се акредитирани шест новинари.

Според податoците објавени на веб страницата на ДИК, од домашните најголем број акредитирани набљудувачи има невладината организација МОСТ – 2.843 потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829 набљудувачи, Цивил – Центар за слобода 191, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија 33, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (IESC) 18…

Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија, Италија и Словачка  во Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 294 преведувачи.