Вести

Доктор Николов: Таравари не направи ништо за лекарите и за здравствениот систем

Со доаѓањето на новиот министер кој што е во заминување и кој што направи една голема фама дека доаѓа од лекарската фела и дека најмногу ќе дипринесе за лекарите со своето дејствување, своето министерување го започна со Хипокретовата заклетва, за да после неполни 90 дена комплетно се повлече од сето она што го кажа, изјави денеска доктор Игор Николов, на трибината на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Познавајќи го колегата, би рекол дека станува збор за двајца луѓе, едниот е доктор Арбен и другиот е министерот Tаравари, кој што е еедна бледа фигура која што седи на Твитер и на Фејсбук, кој што дава изјави за медиумите, кои што по извесно време ги повлекува, рече Николов.

Претходните проекти кои што се викаа „Ало докторе“, сега се викаат „Ало Таравари“, проектот „Мој термин“ и Приоритетен упат сега се решија да ги крстат Итен упат. Практично, рече Николов, нема ништо суштинско, само некои шминкерски промени што треба да дадат впечаток дека министерството на големо работи под лидерство на Таравари и дека прават некои големи и суштински промени.

-Во амбуланта доаѓаат пациенти од кои што сите викаат дека му биле роднини на министерот и бараат да бидат услужени преку ред и преку „Мој термин“. Веројатно е тоа одраз на блискоста која сакаше да ја покаже министерот, за евентуално да ги набилда своите поени, за да може потоа да се кандидира за градоначалник на еден од градовите, а ништо не направи за лекарите и за здравствениот систем, рече Николов.