Вести

Доказ за вистинска љубов кон татковината – дождот не ги спречи граѓаните да излезат на улица за заедничка Македонија (ФОТО)

Ниту дождот попладнево не беше пречка огромен број на граѓани да излезат на улиците во Скопје и да маршираат по добро познатата патека на државноста. Граѓаните јасно покажаа дека дождот нема да ги спречи да ја искажат својата љубов кон татковината и да порачаат дека немаат намера да прифатат спроведување на Тиранска платформа во Македонија, која земјата ќе ја однесе кон федерализација.

zzm dozd11

-Дождот може да ги растопи оние кои се направени од шеќер, а не од титаниум. Дождот може да ги избрише оние кои оставаат траг од креда зад себе, а не оние кои го сочинуваат црвено-жолтото море. Дождот може да ги поколеба оние со волја прицврстена со лак за коса, но не и оние кои од секоја пора дишат за Македонија. Затоа, денес го предводиме Маршот на дождот, напишаа денес од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на Фејсбук профилот.

zzm dozd6

zzm dozd5
zzm dozd7

zzm dozd8

-Сите со челичната волја и бескрајната љубов за Заедничка Македонија. Сите со чадори од дома, за да го направиме најголемиот чадор во Македонија. Не ни требаат чадори од надвор, бидејќи народот е чадорот на унитарна Република Македонија, на нејзиниот Устав и мултиетничко општество. Народот е чадорот на волјата искажана на избори, и нема да дозволиме никој да ја лизга иднината на Македонија со платформи правени во соседни држави. И ниту дожд, ниту виулици, ниту снегови ќе не поколебаат од нашата Патека. Македонија е будна и подготвена, пишува од иницијативата.

zzm-dozd3

zzm dozd9

zzm dozd10

zzm dozd12

zzm dozd13

zzm dozd14

zzm dozd15

zzm dozd16

zzm dozd17

zzm dozd18

zzm dozd19

zzm dozd20

zzm dozd21