Вести

Додовски: Градот Скопје и Коце Трајановски јавно покажаа како треба да се менаџира со отпадот и јавното комунално претпријатие кое беше наследено со долгови

Ако сакаме да компарираме каква е ситуацијата со управувањето со отпадот во Тетово, Кичево, Гостивар, Струга, Куманово тогаш ќе споменеме дека македонската јавност изминатите месеци и години беше преокупирана од она што се нарекува еколошка катастрофа од  катастрофалното менаџирање и постојаното горење на депониите кои се наоѓаа во нај урбаните делови од овие општини, изјави Марјан Додовски на денешната отворена дебата со Комисијата за животна средина.

-Тамошните градоначалници буквално проблемот со депониите го игнорираа и бараа некои решенија кои што моментално само го решаваа проблемот. Наспроти ова можеме да кажеме дека градот Скопје на чело со градоначалникот Коце Трајановски јавно покажа како треба да се менаџира со отпадот и со јавните претпријатија и уште повеќе како да се менаџира во град каде што имате десет општини и мешано население. За компарација можеме да кажеме дека во 2009 година градот Скопје имаше само 20 стари возила за собирање на отпад од кои само седум беа исправни, а другите знаеја да останат по патиштата и истите да бидат предмет за да бидат однесени во отпад, а денес во градот Скопје имаме над 100 современи камиони за собирање на отпад, за комунален отпад, за снег, за чистење на улиците како и за чистење на тротоари, истакна Додовски.

Тој додава дека овие возила се во вредност од над 5 милиони евра и истите можеме да ги видиме низ скопските улици.

-Ако одиме во бројки во Скопје на дневна основа се собираат над 400 тони комунален отпад и со ова само можеме да претпоставиме за бројката за одреден период и како сето тоа треба добро да се организира. Беа поделени над 60 илјади во индивидуални објекти, во Скопје се започна и постапка за поставување на подземни контејнери, беа поставени 40, а оваа година сме започнати со нови 15 подземни контејнери. А пред 2009 година можеме да кажеме дека отпадот се собираше од време на време и по одредени урбани средини додека денес се собира и во руралните средини, потенцираше Додовски.