вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 154
home Вести

Додека Заев скија во Италија, излажаните работници од „Колска“ четири месеци без плата

Средба со вработените од „Колска“ имаше премиерот Зоран Заев, тој тогаш на нив им соопштил дека презема одговорност веднаш да се почне со решавањето на проблемот на вработените и дека ќе се изнајде трајно решение за статусот на фабриката. Но, очигледно и ова е само уште од лажните ветувања на власта предводена од СДСМ.
Додека Заев скија во Италија, излажаните работници од „Колска“ четири месеци без плата

Додека премиерот Зоран Заев си одмара на зимскиот одмор во Италија, вработените Колска четири месеци се без плата и се уште чекаат остварување на ветувањето за трајно решавање на статусот на фабриката и обезбедување на работниот однос на вработените во неа.

Сепак место остварување на ова ветување, вработените во фабриката за шински делови „Колска“ од Велес, во текот на новогодишните и божиќни празници четири месеци чекаат плата.

Средба со претставници на вработените од „Колска“ во септември оваа година оствари и вицепремиерот во Владата на Заев, Кочо Анѓушев, кој вети решавање на проблемот на вработените, што очигледно претставува само уште едно од многуте лажни ветувања на актуелната власт.

-Проблемот на „Колска“ ќе биде решен, за тоа Владата издвои 15 милиони денари со кои делумно ќе биде зголемен капиталот на Колска. Тоа е единственото законско решение кое може да биде применето. За да се оствари тоа, потребно е да се поминат законски процедури. За да се отстрани проблемите со на УЈП, поради што имаат блокада за неплатени даноци, потребно е да се направат законски постапки. Потребно е одредено време. Тоа утрово на вработените им го објаснив, како тие обврски ќе се завршат, за колку време ќе се завршат, како ќе се обезбеди работи. Најдоа разбирање и сфатија дека тоа е единственото решение. Ние како Влада ќе ги исполниме обврските, таа е сопственик на ‘Колска’. За недела до десет дена ќе добијат две плати и ќе се обезбедат ресурси за да може продолжи Колска непречено да работи. Решението за Колска треба да биде долгорочно, а не да се земе една две плати. Работиме со Македонски железници инфраструктура, со други оператори кои имаат вагони, да обезбедиме долгорочна работа. Не знам многу политика, но знам како се работи во фабрика. Јас тоа што го знам како човек од индустријата, ќе се обидам да го одработам за државата и државните капацитети“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во септември 2017 година.

Покрај Анѓушев, средба со вработените од „Колска“ имаше и премиерот Зоран Заев, тој тогаш на нив им соопштил дека презема одговорност веднаш да се почне со решавањето на проблемот на вработените и дека ќе се изнајде трајно решение за статусот на фабриката. Но, очигледно и ова е само уште од лажните ветувања на власта предводена од СДСМ.

Граѓаните коментираат дека место на оди на зимски одмор во Италија, премиерот Заев би требало да се фати за работа и да почне да ги решава проблемите на граѓаните, за кои и сам вети дека ќе ги реши.

Во јавноста гласно се коментира и што би можел Заев да реши место да одмори во овие моменти, покрај проблемите на вработените од „Колска“, граѓаните велат дека Заев би можел бара решенија за загадениот воздух, а не додека граѓаните во Македонија дишат воздух опасен по животот, воздух кој ги наполни клиниките, тој да избега на зимски одмор, на чист воздух во Италија.