Вести

Додека родот скапува по нивите министерот за земјоделие се гоштева со прасе на ражен

Љупчо Николовски, министерот за земјоделие од редовите на СДСМ продолжува со својот лагоден живот, додека бостанот и праските скапуваат по нивите, а земјоделците солзи ронат за својата  егзистенција оди по пикници со печени прасиња.

Николовски денес во друштво на социјалдемократите од Паланка организирал пикник со печени прасиња на ражен. Од  фотографиите се гледаат две прасиња, што ако се земе дека едно прасе во просек е околу 150-200 евра за  двете добиваме сума од 300-400 евра само за прасињата.

Додека Николовски се забавува по елитни места и организира скапи пикници, земјоделците едвај сврзуваат крај со крај. Од доаѓањето на владата на СДСМ на власт земјоделците се соочуваат со огромен проблем со откупот. Првин проблем имаа производителите на праска од Росоман, за сега и производителите на бостан да се соочуваат со катастрофале откуп.

Од Сојузот на земјоделци од југо-истокот информираа дека откупот е стопиран и побарувачката е слаба.

Очигледно министерот не го интересираат проблемите на земјоделците, единствено нешто што го интересира се скаапите журки и пикници.

Според наши информации на истиот пикник бил и присутен министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Намето двајцата министри да се зафатат со решавање на проблемите на граѓаните, проблемите со откупот на земјоделските производи, ниските цени,  или пак откривање на сторителите за сквернавењето на гробиштата во Љуботен, тие своето време го користат во гоштевање, забави и бесцелни прес конференции.