четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 46
home Вести

До пред еден месец лажеа дека нема да има двојазичност, сега молчат и ги нема никаде

До пред еден месец лажеа дека нема да има двојазичност, сега молчат и ги нема никаде

Власта повеќе од година дена ја манипулира јавноста дека нема да воведе двојазичност на целата територија на државата.

Заев иако пред изборите во декември во 2016 години им вети на македонските граѓани од албанска етничка заедница дека ќе ја направи Македонија двојазична, отпосле негираше и ги убедуваше македонските гласачи дека нема да има двојазичност и промена на Уставот. Но Заев неможеше вечно да манипулира со граѓаните и договореното мораше и да се реализира. Изминатава недела видовме дека се што зборуваше опозицијата станува вистина, Македонија стана двојазична, а власта молчи.

Имено премиерот Зоран Заев до пред еден  месец, се обидуваше да ги лаже македонските граѓани дека нема да спроведе двојазичност и тврдеше дека промените се во согласност со Уставот.

– Апсолутно не знаете дека законот е согласно Уставот, онаму каде што има практична потреба и Уставот тоа го дозволува самиот закон и така ќе се реализира. Јас преку законот гледам навистина отстранување на некој потреби кои што досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени, тоа е унапредувањето на употребата на јазиците во Република Македонија.

Заев го негираа стручњаците. По професорките Ќулавкова, Груевска – Маџоска и Силјановкса, со став контра Заев излезе и професорката Каролина Ристова Аастеруд, која во свое отворено пишување на социјалните мрежи меѓу другото напиша:

– Гранде школски пример е дека не смееш со закон кој се носи со обично мнозинство, па уште ако не е со апсолутно мнозинство (50+ 1 од ВКУПНИОТ број пратеници ), туку со релативно мнозинство (50+1 од ПРИСУТНИТЕ пратеници), да интервенираш во СИСТЕМСКИ закони ( оние кои се носат со 2/3 мнозинство, што значи ти треба и опозицијата во Собрание за тоа да гласа). А токму тоа се прави со ЗУЈ! Во член 23 (4) и (5) каде стои дека тие и такви засегнати (системски) закони ќе се „усогласуваат со одредбите од овој закон„ во рок од една година, а во меѓувреме, „во случај на неусогласеност„ на јазичните одредби на друг закон (па и на системските!) со јазичните одредби на ЗУЈ , органите (државни и локални) се должни да ги применуваат одредбите на ЗУЈ. Вау! Вау! ВАУУУУУ! Уште и апла да напишеле дека и во однос на одредбите на Уставот на РМ што не се во согласност со овој закон, органите ќе мора да го игнорираат Уставот и, се подразбира, да се водат од овој фирер- закон на мерак за своевиден апартхејд-партија/партии , е тек тогаш концептот на хиерархија на правните акти во нивната правна сила тотално да го прогласевме за сосечен во корен. Мртов! А со тоа и владеење на правото, што патемно е темелна вредност на ЕУ, содржински дел на поглавја во преговорите со ЕУ, и дел од т.н политички критериуми за членство , што ќе рече, кај да се свртиш, нема врдање, тоа ти е работа за со „европско знаменце.“ А и таа „самоувереност„ дека другите, системските, закони, за кои треба 2/3 и глас на опозицијата ќе се усогласеле за една година?! Како ќе ја натераат опозицијата која сега не беше вклучена? Со тоа што ќе им понуди „дил“ да ги ослободи притворените пратеници? Затоа ли беа тие ујдурми со тралала симнување имунитетот? Или, можеби, ќе им се закани дека и многу други ќе го изгубат имунитетот со иста светлосна брзина и ќе се најдат во притвор?

Изјавите на Заев ги следеа и другите функционери на партијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ во парламентот, Тунтев, во своите собраниски говори пред локалните избори постојано велеше дека овој закон не е за двојазичност и дека воопшто не го крши Уставот.

Еден од фронтмените на т.н. шарена револуција Павле Богоевски, во март минатата година како и сите останати свои колеги од СДСМ од петни жили се трудеше да го убеди народот дека СДСМ нема да воведе двојазичност, дека немало да има двојазични униформи и банкноти.

Помина една година, граѓаните видоа дека ништо од тоа што го ветуваше СДСМ, преку сите нивни фронтмени и функционери не е вистина. Власта си ги лажела сопствените граѓани, но и сопствените поддржувачи. Се поголемо е разочарувањето кај народот од начинот на кој власта работи повеќе од една година.

– Законот за употреба на јазиците, кој е од големо политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата, вели професорката Ана Павлова Данева, додавјќи дека тој не смее да биде усвоен ниту по скратена постапка, вели проф. Данева, бивш пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата.

Немањето на демократски капацитет од страна на власта го забележаа и професорите, академската фела, која во годините кога СДСМ ветуваше демократија и владеење на правото застанаа со нив. Сега истите тие се разочарани од начинот на кој власта се однесува.