Вести

Дневникот на Бистра – По патеката на државноста – Ден 53

Одлични сте луѓе, не ве поколеба дождот, не ве бие ветерот, студов не го ни бројам…. важно сите сте тука и да не должиме ко шо вели Богдан, имаме подолга програма пред Собрание па да побрзаме, народе! Повелете маестро Дурловски.. му се подава микрофон и ечи химната од овде до Река хахах (знаете како во поемата од Прличев од Галичник до Река)… Ечи химната, народ го прати маестро во терца… микрофонот малку зеза еве два дена, праи фонија, малку крчи, од дождот ќе да е….ама па сега ова спонтан собир е и добро е што сите помагаме на свој начин. Двете знамиња едно по друго се местат, за да си даваат сила, за носење се редат сè млади девојки и дечки. Пред нив се топорат багерот и камионот, знаменосците по нив и тргнуваме, пишува ФБ страницата „Дневникот на Бистра-по патеката на државноста“.

 

bistra

Често размислувам овие денови дали е прашање на интелигенција, па не разбираат, што тоа народот кој 53 дена излегува на улица? Дали е прашање на немање основно воспитание, па не ставаат на игнор ? А всушност кога ти се обраќаат и прашуваат (како ние на пратениците, кои ја подметнаа тиранската платформа) основно е да вратиш барем со учтив одговор. На сите овие прашања си се зазборувам јас со луѓево тука, дали старички, дали младички не е важно, ние меѓу нас секој ден си праиме муабет, зависи тој ден со кој си тргнал да марширал, но секој ден си наоѓам соговорници од разни сорти. Разговараме, се преиспитуваме, се надополнуваме, се поткрепуваме понекогаш па ис е закаруваме. Еднаш ме изнервира еден, вели ако ова не ни успее, си ветив ќе се селам од Македонија! Кога сум го подбрала, не знаеше кај да се сврти…ми вика-сум пробал во САД, студенстки работев и не ми се свиѓаше, вика, некое друго ниво на глупоќа постои во тие зафрлени американски средини, одвај три месеци издржав – ми вика. Е, па која мајка бараш таму да се шуткаш? – го прашувам, тука дома, ако си инвентивен и предузимлив, можеш да успееш повеќе. – заклучувам. Другпат па, еден ми ја раскажа семејната историја, за загинат чичко во Велешкиот партизански одред кој загинал под Солунска глава (оној високиот врв на Јакупица) и сите згоди и незгоди на семејството по војната и играриите меѓу лажните и вистинските борци од таа војна.

Воџите (дечките шо почнуваат со извиците) стимулативно инспиративно, викаат МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! Народ по нив, смирено, фино достоинствено повторува. Е, такви ве сакам, кога сте совршени. Баш сум горда кога е сè во ред како што доликува на еден високоцивилизиран народ. Луѓе, значи совршени…Стигнуваме до Народната канцеларија на претседателот, еве не 53-ти ден, и Богдан вели….не треба да потсетам како изгледаше местово овде минатата година…а какво е денес. Народеее! Тоа е поради вас. Тоа е и поради човекот, кој …не дозволи да се подметне тиранската платформа, тоа е поради човекот кој цврсто стои на своите ставови за одбрана на Уставот и суверениетот на Република Македонија. Го поздравувам Претседателот .. Да сте жив и здрав Претседателе! …..
Одиме пред Собрание!… не повикува Богдан, а народ акламативно ИВАНОВ! ИВАНОВ! ИВАНОВ; ИВАНОВ!

Денес и трубите појако трубат, појако ги пеете песните од репертоарот на ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Е, од тоа да им текне една компилација да извадат во иднина….супер ќе биде. Стигнуваме пред Собрание и Богдан ни честита на истрајноста, на бескрајната енергија и на упорноста која вродува со плод. Вика: „Денес 20-ти април, на истекот на третата недела од заседавањето на законодавниот дом повторно не беше избран Претседател на Собранието кој не ја отфрлил Тиранската платформа. Уште една мала, но многу значајна победа, народ вика ПОБЕДА! ПОБЕДА! ПОБЕДА!. Вакви мали ситни победи ќе не донесат до големата. Слушнете го народот кој ве ставил таму и кој ќе ве извади од таму ако треба. Народов се завикал ИЗБОРИ! ИЗБОРИ!ИЗБОРИ!…во право сте народе велат од ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА!, Тоа е патот…ќе дојдеме и до големата, конечната победа. Народот не си оди дома, црвено-жолтото море е тука да го чува законодавниот дом и да ја брани нашата изборна волја. 53 дена сме на улиците за да не дозволиме некој од надвор да ни ја растури државата, да ни подметне платформа која ќе заврши со федерализација со поделба на оваа држава која ја сакаме од срце. И се повеќе пријатели денес ни се приклучуваат, некои директно со појавување на нашава мала сцена, некои потивко, и индиректно, но важно поддршката што ја има ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА навистина расте, од ден на ден не стивнува…

По 2-3 пат денес Виктор Петров Викса….со неговите фини финти искраде безброј насмевки, вика – Еден човек ја почна политичката криза. Тој тип упорно е убеден дека ако бара помош однадвор, ќе живее поубаво внатре. Тоа нема логика, порача Викса. Сите имаме баба и дедо кои имале заеднички филм кој ние денеска сакаме да не престане, рече Викса, додавајќи дека можеме уште долго да живееме во криза и ќе живееме во криза додека не не чујат. Автомобилот „Македонија“ оди кон Брисел. На истиот автопат има еден автомобил, се вика „Бугарија“, друг се вика „Србија“, трет се вика „Албанија“… Екипата во нашиот автомобил го избрала шоферот. Упорно некој сака да биде неизбран шофер. Тука веќе нема среќно патување, туку инаетење. Ние патуваме кон Брисел, а тие што лажат дека не им се допаѓа во наше друштво, а сакаат да бидат главни фраери, можеме да ги симнеме на Бензиска и да продолжиме без нив.

А народот синхронизирано во еден глас НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ ! НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ ! И навистина нека бидат сигурни дека нема да им помине, овој народ што од срце си ја сака Македонија никој не може да го запре и никој не смее да оди против неговата волја.

Прв пат денес со нас беше и Трајче Манев шо ја пее „Сам сум во ноќта тивка“. Честитки за вашата издржливост, некој во ова Собрание сака да направи глупост. Македонија е срцето и душата на Балканот и ако тоа срце престане да чука, тогаш отиде цел организам…. но ние нема да ја виткаме кичмата…. и се поклони пред нас. Богдан и прилепи нов текст на неговата Ти што ми ја украде душата ти….за кого ќе дадам сееее… вели: ТИ ШТО МИ ЈА ВИТКАШ КИЧМАТА ТИ, ТИ ШТО МИ ЈА ПОДМЕТНУВАШ ПЛАТФОРМАТА, онака да не насмее малку дека сериозен муабет зафати народов….

Големиот Ванчо Петрушевски па извика…53 дена сме овде, уште 1153 ако треба….. и продолжува….Претседателот Ѓорге Иванов го доби прекарот железниот претседател, човекот од челик кој храбро сам застана и рече НЕ за тирански надворешни платформи. Тоа е херој за кој ќе се пеат песни, нашиот народ знае да си ги почитува своите херои. Иванов е еден и единствен, таков ќе остане и како таков ние ќе го поддржуваме. Предавниците ќе ги стаса казна. Се прашувам во која Македонија ќе се сокријат предавници, сакаат да ја федерализираат, во која сакаат тие да живеат? Ако треба овде ќе легнеме еден по еден околу целото Собрание, ќе ја одбраниме нашата татковина. Да не се закануваат дека ние шириме омраза, ние шириме љубов кон нашата татковина… ја „поздравивме“ и германката што дели совети од детска градинка во Штип а при тоа не проговорува ниту ја осудува платформата… За какви не мислите, за будали не мислите господо? За ненормални…се изнервира Богдан… Така е Богдане, незнам колку пати сме ве поздравиле, да сте живи и здрави, вие од ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА што ги поставивме вистинските прашања гласно. Конечно гласно се поставија правите прашања во оваа држава и за тоа ви благодариме вам, на вистинската НВО независна од било кого организација. – ко шо заклучи Борис. Ние овде бараме автентична македонска влада , но пред да ја добиеме, ајде да се чуеме, ве молам за тишина… Го сторивме редот, се синхронизиравме и си ја отпеавме неформалната химна на македонците, шо во 1963 Васка Илиева ја испеала и заедно со поздравот Македонија вечна си кажавме чао.

Чао мили мои до утре на 54 ден, на денот Д кога ќе чуеме нешто големо и важно.

Одвај чекам да ви кажам право, па и порано ќе дојдам утре….