вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 88
home Вести

Дијамант на Државна лотарија вреден 300 000 денари изгребан во Скопје

Дијамант на Државна лотарија вреден 300 000 денари изгребан во Скопје

Уште една добивка од 300 000 денари донесе инстант лозот Дијамант на Државна лотарија на Македонија . Двајца млади Скопјани кои сакаа да останат анонимни по прошетката низ Скопје Сити Мол, го забележале продажното место на Државна лотарија на Македонија и решиле да си ја пробаат среќата. Бидејќи на Бадник, девојката ја пронашла паричката , решиле таа да купи два инстант лоза , и да си ја проба среќата. Лозовите ги гребеле заедно, но лозот на девојката бил недобитен , а лозот на момчето им донел 300 000 денари.

Среќата и добивката им ја донел симболот  (прстен) кој им отворил поле за добивка вредно 300.000 денари. Двајцата млади и онака веќе планирале патување во Тајланд, беа пресреќни бидејќи и парите од добивката ќе им послужат за  покомотно и повозбудливо  патување. Инаку момчето е редовен играч и постојано гребе по некој лоз, а девојката за разлика од него само понекогаш знае да купи по некој лоз. Овој пат ДИЈАМАНТ-от им се посреќи и им ја донесе најголемата добивка од овој инстант лоз.

Инаку,инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е член на семејството на инстант лотаријата  од 18.10.2017 година и веќе донесе  многу возбудливи, добитни и интересни приказни.