Вести

Џулија Бандерас од Фокс Њјуз: Како е можно некој толку контроверзен како Џорџ Сорос да ја спроведува странската помош на САД?

„Како е можно некој контроверзен како што е Џорџ Сорос да имплементира странска помош на САД?“-запрашува новинарката Џулија Бандерас од Фокс Њуз, зборувајќи и дебатирајќи за мешањето на Џороџ Сорос во внатрешната политика на Македонија.

banderas

Новинарката Бандерас е зачудена и запрашува како е можно некој како Сорос, да троши пари од граѓаните на САД, за политики кои тие не ги поддржале, ниту пак се дел од официјалната надворешна стратегија и политика на САД.

Прилогот следува откако сенаторот Мајк Ли испрати остро писмо до американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, во кое бараат одговори за поврзаноста на Бејли со Сорос и неговите НВО, како и повеќе други прашања. Ли очекува одговор од Стејт Департманот и се надева дека новата администрација ќе бара одговорност од извршниот сектор за начинот на кој се трошат даноците на американските државјани.

На писмото од Ли претходеше писмото шестината конгресмени предводени од  Кристофер Смит.

Републиканските лидери бараат одговараат по однос на извештаите за мешањето на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија поддршувајќи либерални политики преку кои сака да го зајакне влијанието на Балканот, пренесува Фокс њуз.

Фокс Њуз инаку е најгледаната телевизија во САД и убедливо ги држи првите 8 од 10 места, а на кабелски оператор има 6 пати поголема гледаност од  Си Ен Ен.