Вести

Џорџ Сорос и неговото мешање во Македонија-Тема на најгледаната ТВ во САД, Фокс Њуз

Членови на Конгресот, од Сенатот и од Претставничкиот дом го отвораат прашањето за мешањето  на Џорџ Сорос во Македонија, пренесува најгледаната телевизија во САД, Фокс Њуз. Дебатата и прилогот на Фокс Њуз е резултат на потребата американските граѓани да знаат на кој начин се трошат нивните пари и како еден милијардер без никакви ингеренции влијае врз американската надворешна политика и се меша во други земји.

fox-news-mk-soros

Прилогот следува откако сенаторот Мајк Ли испрати остро писмо до американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, во кое бараат одговори за поврзаноста на Бејли со Сорос и неговите НВО, како и повеќе други прашања. Ли очекува одговор од Стејт Департманот и се надева дека новата администрација ќе бара одговорност од извршниот сектор за начинот на кој се трошат даноците на американските државјани.

На писмото од Ли претходеше писмото шестината конгресмени предводени од  Кристофер Смит.

Републиканските лидери бараат одговараат по однос на извештаите за мешањето на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија поддршувајќи либерални политики преку кои сака да го зајакне влијанието на Балканот, пренесува Фокс њуз.

Тој со своето влијание ја поттикнува и зајакнува левицата во државата.

„Како е можно некој контроверзен како што е Џорџ Сорос да имплементира странска помош на САД?“-запрашува новинарката Џулија Бандерас.

-Тоа е одлично прашање и токму затоа Конгресот мора да ги разгледа обвиненијата. Овој човек е „пајак“ со големо влијание на интернет. Контролира голем број на надворешни политички групи и партии каде го насочува своето влијание. Тоа го видовме и кај нас со движењето „Црните животи значат“ (Black lives matter), го видовме и на протестите кои што се организираа веднаш по инаугурацијата. Тоа е начинот на кој тој делува. Проблемот настанува кога неговото дејствување ќе започне да го извезува и да се меша во странски држави каде што финансира групи. Ниту еден американец не смее и нема право да влијае на ваков начин на американската надворешна политика, вели Бредли Блекмен  поранешен советник на Џорџ Буш.

Фокс Њуз инаку е најгледаната телевизија во САД и убедливо ги држи првите 8 од 10 места, а на кабелски оператор има 6 пати поголема гледаност од  Си Ен Ен.