Вести

ДЕТАЛИ: Земјотресот почувствуван во Битола, Ресен и Охрид

Земјотресот со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Битола и околината.

Потресот бил почувствуван и во Ресен и Охрид со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е регистриран во 11 часот и 55 минути на 140 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.