понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 138
home Вести

Денес рочиште за “Траекторија” во која се обвинува Груевски зошто градел автопати, кои сега новата влада ги кочи

Денес рочиште за “Траекторија” во која се обвинува Груевски зошто градел автопати, кои сега новата влада ги кочи

Денес одново уште едно рочиште за случајот Траекторија кој веројатно е еден од најуникатните и најпарадоксалните судски предмети во кој поранешниот премиер Груевски се терети за градба на автопатите Штип Скопје и Кичево Охрид за измислена наводна добивка која не е изразена во пари, туку најверојатно во рејтинг кој обвинителството на Јанева го толкува како еден вид на добивка која оди на контото на Груевски. Во дел од медиумите сега блиски до владата се изоставува овој дел, правејќи свесна забуна дека станува збор за некаква материјална добивка што воопшто не е точно.

Какви се фактите:

Инаку фактите говорат дека постапка за градба за која освен Груевски се обвинети и поранешниот вицепремиер Пешевски, министерот Јанакиески и директорот на агенцијата за патишта Горгиевски е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура. Со цел да се заштеди, се обезбедило евтин кредит од кинеската влада со само 2 осто камата. За споредба другите банки давале кредит со над 8 осто камата. Постапката се спровела и врз основа на закон донесен во Собранието кој го подржаа и СДСМ и ДУИ.

Се обезбедило и конкуренција во процесот при што меѓусебно надавале две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се остварило дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда.

Оваој случај кој е правен апсурд, полека станува и политичка иронија. Груевски се обвинува за автопатите кои ги градел, а токму истите сега стагираат и нивниот процес на градба е речиси целосно закочен и покрај обезбедените средства за градба.