Вести

Делев: За само една година Македонија ќе биде задолжена за повеќе од 1,3 милијарди евра

Во Емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија гостуваше Христијан Делев, поранешниот заменик министер за економија во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Делев дискутираше за предлог Буџетот за 2018 година при што истакна дека Македонија оваа година ќе има рекордно задолжување, со што веќе се става знак прашалник дали ќе можеме да го сервисираме долгот, според Делев Македонија во изминативе 27 години се задолжила вкупно за 5.6 милијарди евра, а сега за само една година СДСМ ќе ја задолжи за неверојатни 1.3 милијарди евра.

 

-Максимумот со кое што Македонија може да се задолжи го надминуваме. Со овие задолжувања што веќе се направени ние влегуваме во една опасна зона каде што веќе ќе се стави знак прашалник дали ке имаме капацитет и можност да ги сервисираме тие долгови, истакна Делев.

Според Делев власта се задолжува без притоа да реализира барем еден реален проект.

-Еве сакам да напоменам со овој предлог Буџет и со досегашното искуство од новата влада, за денот кога владата ќе слави една година од превземањето на власта, Македонија ќе биде задолжена повеќе од 1,3 милијарди евра. Ако земеме во предвид дека Македонија за 27 години максимум се задолжила 5,6 милијарда евра, сега само за една година се задолжува над 1,3 милијарди евра што е енормен скок на задолжувањето а притоа непродуцирајќи ниту еден реален проект, заклучи тој.