Вести

Делев: Аздисаната и корумпирана влада на СДСМ ја става иднината на граѓаните и државата на коцка

Економијата крахира, граѓаните чекорат по линија на сиромаштијата, ликвидноста на стопанството е на катастрофално ниско ниво, а министерот за задолжување Драган Тевдовски не се откажува од прибирање на ликвидни средства преку емитување на државни  хартии од вредност, истакна Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфереција.

 

-До само пред месец дена, СДС, нивните квазианалитичари и нивните медиуми зборуваа за презадолженост на државата, а сега кога на неделна основа, само по основ на аукции на државни хартии од вредност, државата се задолжува за повеќе од 10 милиони евра, молчат. Доколку Тевдовски не е кадарен да направи математика, ние денеска ќе ви презентираме како тоа изгледа.Министерот за задолжување, Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност, на дневно ниво ја задолжува државата за речиси 1,7 милиони евра.Министерот за задолжување, Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност, на секој час ја задолжува државата за речиси 72.000 евра.Министерот за задолжување, Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност, секоја минута ја задолжува државата за речиси 1.200 евра, вели Делев.

Тој посочува дека со новото задолжување, Социјалдемократскиот сојуз, за нешто повеќе од 4 месеци, само по основ на државни хартии од вредност, ќе ја задолжи Македонија за 241,13 милиони евра.

-Овие пари не отидоа за просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари или плата на докторите од 100.000 денари. Имајќи го во предвид фактот дека СДС до сега нема реализирано ниту една капитална инвестиција, граѓаните ги интересира каде се трошат нивните пари.Дали овие пари се наменети за покривање на неспособноста на владата за водење на економијата? Дали овие пари се наменети за корумпирање на гласачи пред локалните избори? Дали овие пари завршија само за задоволување на раскошот и луксузот на министрите во владата?, прашува тој.

Делев вели дека Социјалдемократскиот сојуз изминатите години им се закануваше на банките дека нема да им бидат признаени државните хартии од вредност, што ги купуваат од Министерството за финансии, а наредната недела, Тевдовски и СДС на истите тие банки ќе им ги нудат државните хартии од вредност.

-Тоа говори за нивното лицемерие. Заев и Тевдовски, единствена мерка што ја спроведуваат е исплатата на партиските долгови кон послушниците и соросовите активисти со пари на граѓаните преку забрзано задолжување. Аздисаната и корумпирана влада ја става иднината на граѓаните и државата на коцка.Затоа, СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, а на 15-ти октомври граѓаните ќе ја испратат пораката на незадоволство до аболицираниот криминалец Заев, неспособниот министер Тевдовски, и газда Кочо, посочува Делев.