Вести

Давчев: Откако ја променивме водоводната мрежа, светиниколчани немаат проблеми како во минатото

Александар Давчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија во организација на партијата истакна дека додека не била сменета водоводната мрежа во Свети Николе, граѓаните се соочувале со огромни проблеми.

Тој појасни дека со старата водоводна мрежа, кога се поправал некој дефект, половина од градот немал вода, а сега во секоја улича се поставени по два регулаторни вентили за да нема такви проблеми.

-Некаде приклучивме посебно над 80 домаќинства, замислете секој ден да ја сопирате водата. Благодарност и за трпението на граѓаните од Свети Николе, затоа што тие секој ден се наоѓаа во ситуација да немаат вода. Ние моравме, доколку тогаш не ги приклучивме, понатаму ќе немавме можност да ги приклучуваме, бидејќи ќе требаше да сечеме асфалт, многу тешка и макотрпна работа, истакна Давчев.

Посочи дека при менувањето на водоводната мрежа бил зголемен профилот на цевките за граѓаните да имаат поголем притисок на вода.