Вести

Даштевски: Предвремени парламентарни избори и редовни локални избори се единствено решение

Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту „За заедничка Македонија“ прифаќа да биде претседател на Собранието некој кој ја прифаќа Тиранската платформа, и има право, како што имаше опозицијата право да бараат г. Груевски да се тргне од местото премиер за одржување на изборите и тој се тргна, вели Александар Даштевски во гостување во вестите на ТВ Нова.

Даштевски потенцира дека не мора да биде токму Талат Џафери, може да биде некој квалитетен политичар од ДУИ, бидејќи ДУИ веќе израсна во сериозна политичка партија.

-И тогаш условот за понатамошно одење е во исто време кога ќе се договори претседателот на Собранието, да се договори и распишување на предвремени парламентарни избори и на редовни локални избори. Сега за сега, за мене само тоа би било решение. Сѐ друго е само губење на време и враќање назад на државата, рече Даштевски.