четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 47
home Вести

Дали огласот за државен советник во МЗ е наместен за шефицата на кабинет на Чакаровски?

Дали огласот за државен советник во МЗ е наместен за шефицата на кабинет на Чакаровски?

Министерството за здравство во период кога е без министер, објавува оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, за кој се бара еден извршител.

Прво, се поставува прашањето дали овој оглас е објавен за да се унапреди шефицата на кабинет на актуелниот заменик министер, Гоце Чакаровски?

Во кулоарите наголемо се зборува дека токму за неа е “скроен“ овој оглас.

Второ прашање кое се поставува е дали е неопходно оглас за толку важна позиција како што е државен советник, да се распишува во време кога Министерството е оставено без министер, и дали некој смислено го користи овој преоден период за протнување кадровски политики?