Вести

Членството на СДСМ разочарано: Да го смениме името во СоцијалДиктаторски сојуз на Македонија

Членството на СДСМ е разочарано од потезите кои ги влече врвот на партијата, бидејќи околу кандидатите за градоначалници не биле консултирани општинските организации. „Пошто сум во партија од 18 години што значи добри 24 години, а едно 4 бев у ЦО на СДММ, па уште 4 у ЦО на СДСМ па уште 2 Претседател на ОО СДСМ Куманово, и башка у сите кампањи од 1996 па наваму, да прашам кога тоа се ставале кандидати без консултации со општински, без да се викне Претседател, секретар, кандидати“, пишува на Фејсбук Виктор Божиновски од СДСМ.

 

Фејсбук статус на Виктор Божиновски од СДСМ

Гледам 2 дена некои партиско-фамилијарни “брифери” редат кандидати кои наводно биле “завршена работа” и око не им трепнува па ја “предварително” да питам нешто – ова кандидативе на сон им се виделе на врховното раководство или ни ги пуштаат овака да ни трењираат нерви?! Пошто сум у партија од 18 години што значи добри 24 години, а едно 4 бев у ЦО на СДММ, па уште 4 у ЦО на СДСМ па уште 2 Претседател на ОО СДСМ Куманово, и башка у сите капмањи од 1996 па наваму, да прашам кога тоа се ставале кандидати без консултации со општински, без да се викне Претседател, секретар, кандидати??!!! Ако е така, а се надевам дека не е, тогаш треба да искочиме и јавно да кажеме или дека сме слободна и демократска партија или дека името го менуваме во СоцијалДиктаторски сојуз на Македонија, дека треба сите ние нашите мозоци што ги носиме у глава привремено да ги извадиме и ставиме у тегла со расол на неопределено време зашто нема што ние да мислиме, има кој да мисли за нас?! Има уште многу да зборам, особено околу феноменот на директорчиња на институции по државава ама локалните се на праг па со нив ќе се занивавам после октомври зашто знам дека до тогаш има добри 2 месеци у кои 50% од нив нема ни ќошевите од канцелариите да ги најдат а камо ли нешто да направат! И така, останете ми со здравје, фала и пријатно!
П.С. Знам дека никој нема ни “лајк” да стави и разбирам потпуно, ментални склоп је такав ! 😉