петок, 21. септември 2018. Вести денес: 95
home Вести

ЧЛЕН 173: Доколку изминале 30 дена, односно 61 ден откако е донесен, законот за јазици мора да се носи во нова процедура  

Правно гледано, Законот покрај амандманите кои што според законите и Уставот не смеат да се избегнат, има уште една правна причина поради која тој не смее да биде изгласан.
ЧЛЕН 173: Доколку изминале 30 дена, односно 61 ден откако е донесен, законот за јазици мора да се носи во нова процедура  

Според најавите спикерот на парламентот, законот за јазици ќе го стави на гласање без да се расправа за 36.000 амандмани поднесени од страна на ВМРО–ДПМНЕ по забелешките дадени од страна на претседателот Иванов, кој стави вето на законот поради неговата спротивност со Уставот.

Но, правно гледано, Законот покрај амандманите кои што според законите и Уставот не смеат да се избегнат, има уште една правна причина поради која тој не смее да биде изгласан.

Всушност тој воопшто не смее да биде ставен на гласање затоа што според Член 173 од деловникот на Собранието неговото правно дејствие е завршено и тој мора да почне да се носи од почеток.

 

Член 173 од Деловникот на Собранието:

(1) Претседателот на Собранието, веднаш по донесувањето, законот го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

(2) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.

(3) По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Во предлогот од Владата до Собранието основата за усвојување на законот се дава во Деловникот на Парламентот, истиот тој кој забранува законски проекти да се носат ако изминале роковите за нивно гласање.

Целиот текст прочитајте го на ЕКСПРЕС

Најнови вести