Вести

Чилиманов: СДСМ имаат цел список на непријатели кои мора да се тргнат

„Во најголемите непријатели на Зоран Заев, Тв Нова не е спомната поради тоа што во тоа време не постоеше, но јасно беше уште пред да се појави непријатели се сите кои ќе размислуваат поинаку од нив“, изјави новинарот Цветин Чилиманов во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека СДСМ имаат список на нивни непријатели кои мора да се ликвидираат.

„Во таа нивна патолошко-опсесивна идеја за да дојдат до власт тие имаат и институции кои сакаат да ги тргнат, непријатели кои би требало да се ликвидираат само за тие да владеат со државата“, посочи Чилиманов.

Цветин Чилиманов и Борче Арсов беа гости во „Отвореното студио“ со Анита Петровска-Рајковиќ на тема „Без медиумите и новинарите не бива демократија“.