Вести

Честојнова: Тортурата врз угостителите не запира откако СДС ја презеде власта

,,Превенцијата ќе биде темелот на казнената политика’’. Oва беше реториката на СДС во предизборието кога ветуваше дека инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. СДС ја презеде власта и си го покажа вистинското лице. Им снема пари за расипничко однесување на нивните функционери и удрија по угостителите. Уште во првите месеци од своето владеење затворија повеќе кафулиња кои не им беа по волја, потенцира Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тортурата врз угостителите не запира. Пред само една недела целата јавност беше сведок на неразумната употреба на полициски специјалци во акција на УЈП во која беа затворени повеќе од 13 угостителски објекти. Инспекцијата беше испратена селективно во 40 локали кои не се блиски до СДС. Како поинаку да се толкува фактот што фирми кои важат за блиски до СДС и до Заеви не ги исполнуваат законските обврски и континуирано се толерирани, а други без никаква опомена ригорозно се казнувани. Наместо опомени, како што ветуваа, УЈП продолжува со мафијашко делување и затворање на сите фирми кои не потпаѓаат под притисокот на СДС, вели Честојнова.

Таа  вели и дека според информации кои се пласираа во медиумите заедно со полициските службеници биле забележани и припадници на фамозната ,,Омерта секјурити’’ новоформираната агенција за обезбедувањата која важи за блиска до Вице Заев брат на Зоран Заев. Очигледно е дека рекетот на угостителите стана примарна функција на УЈП, а единствена промена во казнената политика ќе биде не притисокот врз фирмите кои не се под контрола на криминалната врхушка од власта или оние кој ја имаат Омерта на платниот список.

-СДС со овој начин на рекетарско делување остава стотици семејства остануваат без приходи, невработеноста ќе расте, а граѓаните ќе го загубат чесно заработеното парче леб. Додека другарите Богац и Лукаревска уживаат во плати од илјада евра, вработените во фирми кои не се блиски до СДС се плашат дали утре инспекција ќе ја затвори фирмата во која тие работат, а  тие ќе останат на улица. Мафијашкото делување на УЈП под контрола на СДС и Лукаревска е на штета на сите граѓани. Богоев и Лукаревска го уништуваат ноќниот живот во Скопје. Откако Лукаревска го раководи УЈП, Управата бележи пад на наплата за 3.6 проценти. Нејзината неспособност и прогледувањето низ прсти на фирмите блиски до власта, сега ги плаќаат сите останати. Угостителите наместо опомена добија казни кои достигнуваат и до пет илјади евра, а голем број вработени останаа без своето парче леб, рече Честојнова.

Таа изјави и дека за ваквиот селективен пристап кон работата Лукаревска и СДС ќе бидат казнети од граѓаните, а кога ќе се врати правната држава, по заминувањето на оваа криминогена власт,  за секое незаконско работење ќе одговораат и пред судските инстанци.