Вести

Чаушевска: Нашата програма е гаранција дека Градско ќе биде современа општина на среќни и задоволни жители

Градско го заслужува само најдоброто. Жителите на Градско треба да го имаат само најдоброто, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Градско, Жанета Чаушевска.

Истакна дека поради тоа таа заедно со целиот свој ќе се вложи, граѓаните на Градско да го добијат најдоброто.

-Нашата визија за развој на Градско во првиот мандат ја реализиравме, но нашата мисија се уште не е завршена. Ние сакаме да го направиме Градско општина на уште позадоволни граѓани, општина каде во преден план беа и ќе бидат вредностите како добриот, мирен и просперитетен живот, чесноста, искреноста, отчетноста и секако демократијата. Сето ова може да се постигне само со многу работа. Тоа е моето ветување кое денес го давам пред сите вас. Ветувам работа, работа која носи подобри, вели Чаушевска.

Потенцира дека има програма која значи нова победа за ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве ги нашите 10 приоритетни проекти: Санација на мост на река Вардар во село Уланци. Изградба на доводен цевковод од бунарите во село Уланци до резервоарот во Градско. Изградба на пречистителни станици. Реконструкција и проширување на локален пат до село Виничани. Изградба на канализација во населено место Стопанство. Изградба на нова индустриска зона. Изградба на тротоари и паркинзи во централно подрачје на Градско. Реконструкција и санација на локален пат Градско-село Долно Чичево во должина од 1км. Изградба на нова зона за домување. Асфалтирање на улици во населените места: Градско, Старо Градско, Виничани, Кочилари, Уланци, Ногаевци и населено место Стопанство. Изградба на нова детска градинка, најави Чаушевска.

Посочи дека оваа програма е гаранција оти Градско ќе биде современа општина на среќни и задоволни жители, општина каде чесноста, искреноста и вистинските демократски процеси ќе бидат движечка сила во работата на  локалната самоуправа.

-Свесна сум за овој предизвик, но ќе се соочиме со него и заедно со целиот работен тим, ќе победиме во Градско, ќе ги добиеме локалните избори и ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ, знае да твори, да решава проблеми и да работи во интерес на сите граѓани, рече Чаушевска.