среда, 25. април 2018. Вести денес: 58
home Вести

Бугарска „Дума“ го негира македонскиот јазик: Дали Заев ќе отвори можност за надминување на лингвистичката параноја и враќање кон заедничките корени на јазикот ?

Така во соседната роднинска југорепублика и држава цела армија од добро платени лингвисти и компаративисти 70 години копаат и вперуваат прст во таа невидлива линија на омразата и на злобата кон Бугарија. Поточно, да го одрекуваат заедничкиот корен на бугарскиот книжевен јазик и на регионалниот македонски јазик, да ја фалсификуваат неговата историја”, пишува “Дума”.
Бугарска „Дума“ го негира македонскиот јазик: Дали Заев ќе отвори можност за надминување на лингвистичката параноја и враќање кон заедничките корени на јазикот ?

Бугарскиот весник „Дума“ во долг текст под наслов „Што е тоа македонски јазик“, објаснува кога и како бил создаден книжевниот јазик на како што вели новинарот во написот “нашите роднини од Скопје“, изнесувајќи ги добро познатите тези на бугарските историчари и лингвисти.

-Се разбира, главен диригент на сите партиски директиви и упатства, уцени и закани беше “политичкиот центар” на Титовата Југославија. Откако “скопските другари” веќе известиле за “опасност” околу “азбуката и јазичното прашање“, Белград презема итна акција за спречување … несакани “двојки”. Така на 28 декември 1944 година од “Центарот” бил испратен како референт на Комисијата за јазици, познатиот филолог Воислав Илиќ, кој дошол во Скопје за да му даде на Блаже Конески поддршка. Подоцна Конески ја составил првата македонска граматика, чија терминологија во целост била позајмена од српскиот јазик. Во средината на март 1945 година, под команда на Милован Џилас, кој во тоа време бил раководител на “Агитацијата и пропагандата” на Тито, заменикот Радован Зоговиќ пристигнува во Скопје со задача да го зајакне авторитетот на Блаже Конески. Тоа има одлучувачка улога во конечното прифаќање на српската “Вуковица” како македонска азбука. Всушност, идниот противник на Тито и авторот на “Нова класа”, Милован Џилас, има огромна “заслуга” за приближувањето на српскиот со македонскиот јазик во повоената Македонија. Создавањето на македонскиот јазик е конкретна реализација на великосрпската доктрина за македонизмот, создадена кон крајот на 19-ти и во почетокот на 20-ти век од Стојан Новаковиќ, која предвидува “отцепување” на населението во Вардарска Македонија од Бугарија преку всадување македонско национално сознание и јазик. Утврдувањето, поточно “натокмувањето” на јазикот, е практично исполнување на решението на Коминтерната од 1934 година за формирање на “македонска нација” и на “македонски јазик” преку продолжување на југословенската србизација во Македонија“, пишува „Дума“ во делот од текстот со меѓунаслов „Српски и коминтерновски… македонизам“.

Под изговор на помирувањето меѓу Блаже Конески и Венко Марковски на 24 април 1945 година, Џилас испратил телеграма во Скопје со следниов текст: “Испратете ги итно Малинска, Конески и Марковски за конечно да го решат проблемот со македонската азбука”. Тројцата членови на втората комисија пристигнаа “итно” во Белград. По прифаќањето, заедно со четворицата про-српски професори: Радомир Алексиќ, Радослав Бошковиќ, Михаило Стевановиќ и Радован Лалиќ-Џилас конечно го решаваат проблемот со македонската азбука.

-Така во соседната роднинска југорепублика и држава цела армија од добро платени лингвисти и компаративисти 70 години копаат и вперуваат прст во таа невидлива линија на омразата и на злобата кон Бугарија. Поточно, да го одрекуваат заедничкиот корен на бугарскиот книжевен јазик и на регионалниот македонски јазик, да ја фалсификуваат неговата историја”, пишува “Дума”.

На крајот од текстот новинарот потенцира дека многу е важно да се разбере каков ќе биде новиот Закон за употреба на јазиците, кој предвидува да го донесе Владата на Зоран Заев. Дали тој ќе бетонира коминтерновско-сталинистичките (србоманските) клишеа на македонизмот или ќе отвори можност за слободно јазично општење меѓу населението од бившата југорепублика и Бугарија за надминување на лингвистичката параноја од минатото и постепено враќање кон заедничките корени на јазикот. Тоа веќе ќе покаже на која страна ќе продолжат нештата во Скопје, преку натрупаните со времето историски лаги и политички фалсификати, културни плагијати и ксенофобични истапи“, заклучува „Дума“.