Вести

Брезов: Постапката за утврдување на локација за депонија во источниот и југоистичниот регион е во полза на 320 илјади граѓани

Александар Брезов на денешната трибина „Отворено со Комисијата за животна средина“ истакна дека спроведувањето на самата постапка за целосно утврдување на локацијата за депонија во источниот и југоисточниот регион бил во полза на над 320.000 граѓаните.

-Постапката е скоро завршена. Следува избор на инвеститор и набавка на опремата за утврдување на самите постројки што треба да бидат инсталирани. Примената на европските и светските стандарди во оваа област бара да се примени постапка за оценка за влијанието на животната средина. Самата постапка претставува комплексен процес во кој се земаат предвид сите аспекти на самата инсталација, односно на самиот проект, појасни Брезов.

Вели дека во таа постапка се одредуваат условите во кои ќе се спроведува самата актвиност, се земаат предвид хидробиолошките и геолошките услови на самата локација.

-Микроклимата се зема предвид. Се зема предвид и начинот на транспорт на отпадот, одалеченост од населените места. Нарушување на мирот и спокојството на околнит населби. Тоа е комплексен процес кој е опфатен и во Законот за животна средина и опфаќа долг низ на чекори да се спроведат за да се заврши самата постпака, рече Брезов.