Вести

Борче Георгиевски од СДСМ манипулира, Гази Баба не е негов приоритет

Паниката која владее во СДС од претстојниот пораз на локалните избори ги принудува да излегуваат на прес-конференции на кои освен лаги и манипулации, граѓаните не можат да видат и да чујат ама баш ништо. Неспособноста и не држењето до дадениот збор на Заев и на СДС граѓаните многу добро го почувствуваа по својот грб и по својот џеб. Граѓаните истовремено ја видоа и кадровската понуда на СДС во која доминираат хоштаплери и ликови со матно и сомнително минато. Тоа говори за нивната безидејност и негрижа кон потребите на граѓаните, како на централно, така и на локално нивo, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

-Ние не очекуваме ликови од типот на Борче Георгиевски да знаат што зборуваат од областа на урбанизмот и инвестициите, но барем тие што му го подготвиле текстот требало да внимаваат за тој да не се бламира пред јавноста. Прво локацијата за која говореше Борче Георгиевски е во приватна сопственост и сопственикот одлучува кога и што ќе гради согласно законот. Сите обврски кои општината ги имала кон овој случај ги има навремено и согласно закон исполнето. Општина Гази Баба за таа локација прво има донесено планска документација и со тоа беа создадени услови приватниот сопственик на предметната парцела да може да отпочне со постапка за одобрение за градење. По барање на приватниот инвеститор Скопски саем Општината во 2008 година им има издадено правосилно одобрение за градење за изградба на комерцијално деловен објект. Во понатамошната фаза општината ниту може ниту има надлежност да учевствува бидејќи станува збор за парцела која е во приватна сопственост на Скопски саем. Исто така за локацијата кај Скопски саем на барање на Скопски саем неколку пати се има менувано планската документација се со цел да излезе во пресрет на полесно реализирање на проектите кои јавно беа промовирани од самиот приватен сопственик Скопски саем. Друг пат кога Борче Георгиевски и СДС ќе излегуваат на прес конференции нека се информираат. Впрочем ним инвестициите и привлекувањето на инвеститори им се најслаба страна. Тоа го влечат уште од деведесетите кога ги рекетираа инвеститорите, па преку празните ливади во индустриската зона во Сачево, се до ден денес кога за три месеци успееја да привлечат НУЛА инвестиции во државата, а може да избркаат поради својата неспособност десетина. Економијата тоне во Македонија, стандардот вртоглаво паѓа, цените и трошоците за животот растат, а само бизнис зделките на семејните и партиските фирми на СДС растат. Граѓаните тоа го гледаат и тоа ќе го казнат. СДС ќе доживее дебакл и во Гази Баба, но и во цела Македонија поради својата деструктивност, неодговорност и неспособност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.