Вести

Богоески: Цар Самуил не е македонски цар

Нападот над македонската историја не само што беше мета на бугарските “експерти”,  туку се повеќе сме сведоци дека и македонската јавност блиска до политиките на Зоран Заев почна се пожестоко да ја негира и оспорува.

Слободан Богоески денeска во емисијата „Само Вистина“ целосно ја негираше македонската историја со што истакна дека цар Самуил не е македонски цар.

-Овде се дигна некаква прашина околу тоа дека се продава историјата на Бугарите што е апсолутно неточно.  Јас го поздравувам тој чин затоа што цар Самуил ви тврдам дека нема допирни точки со нашата македонска историја, нити бил македонски цар, изјави Богоески.

До кога македонската историја ќе биде негирана и оспорувана пред се од македонската јавност а потоа и од надворешноста?