Вести

Бебињата секојдневно умираат на Детска клиника, а одговорните се обидуваат со цензура да спречат да се говори за случаите

Низа трагедии ја потресоа македонската јавност, неколку семејства се завиени во црно затоа што им умреа најмилите, а Владата на чело со Зоран Заев си молчи.

Црн биланс ги одбележува случувањата во македонското здравство изминативе неколку месеци. Умираат бебиња и деца во клиниките ширум Македонија, а Заев си тераше кампања за да придобие гласачи за своите кандидати за градоначалници.

Дрско е и арогантно премиерот да ветува подобар живот додека бебиња и деца умираат во клиниките кои сега се во надлежност на неговата Влада и каде тој постави директори од својот партиски кадар.

Две ипол годишно дете од Велес почина пред неколку дена на Детска клиника. Детето било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис. Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести. Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што е добиена и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.

Во македонското здравство се случува вистински хорор и хаос. За жал, смртните случаи во болниците стануваат се почеста појава, а никој од одговорните се уште нема понесено никаква одговорност.

Минатата сабота во тетовската болница почина триесетгодишна родилка, а неколку дена подоцна почина и бебето, кое беше беше префрлено во Детската клиника во Скопје.

Шест дечиња ги загубија животите за само неколку дена во месец август. Четири новороденчиња починаа на ГАК, две ипол годишно детенце во Охрид и 7-месечно бебе во Струга. Црниот биланс е поголем. Вкупно 9 дечиња ги загубија животите за само два месеци.

Додека неколку семејства се завиени во црно, а државата тагува по трагедиите, Заев и луѓето на кои тој им даде функција освен што не превземаат одговорност, дрско се обидуваат да ги заташкаат грозоморните настани.

Без никаква грижа на совест, одговорните се обидуваат со цензура да спречат да се говори за случаите.

Вистински хорор се случува на Детската клиника во Скопје. Но, за директорката поставена од страна на Зоран Заев, Катерина Ставриќ, е поважно да ги замолчи колегите, отколку да превземе нешто.

Oдговорните се обидуваат со цензура да спречат да се говори за трагедиите!

Нова пракса на Детската клиника – дисциплинска за изјава во медиум ако претходно не е известен директорот. Овие документи со кои екс-директорката Аспазија Софијанова се повикува на дисциплинска одговорност утринава лично и ги врачила нејзината наследничка Ставриќ, објави ТЕЛМА.

КУРИР побара коментар од Софијанова која кусо ни одговори дека е згрозена и разочарана. Вели дека е лага тврдењето дека станува збор само за опомена.

Причината е банална. Против неа е поведена дисциплинска постапка затоа што без да ја праша Ставриќ, Софијанова дала изјава за телевизијата. Новата директорка поставена од Заев, Ставриќ, не гледа проблем во нововоспоставената пракса. Згора на се, Ставриќ тврдеше дека не станува збор за казна, туку за опомена, што се покажа дека воопшто не е точно!

Дополнително скандалозно е што дисциплонската постапка е архивирана на 10.10, а врачена на 13.10. така што, рокот за одговор од пет, се скусува на два дена.

Дека станува збор за смислено сценарио доказ е и фактот што во тој период Софијанова требаше да биде во Драч на косовска школа.

Со ваквите закани за казни, одговорните сакаат да ги замолчат експертите да говорат за црниот биланс во македонското здравство. Јавноста бара одговори и нема да дозволи Заев и неговите директори да ги заташкаат случаите.