четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 58
home Вести

Архимандрит Царкњас на удар на грчката држава и финансиските институции

Архимандрит Царкњас на удар на грчката држава и финансиските институции

Во време кога течат преговорите за промена на Уставното име на Република Македонија, во Грција не престанува прогонот што се врши врз Македонците. Со години грчката држава врши верска дискриминација врз етничките Македонци од Егејскиот дел кој се наоѓа во северна Грција.

Овој пат на удар е Македонскиот свештеник и Архимандрит Никодим Царкњас и тоа под обвинение за притајување на приходи во неговиот годишен даночен извештај.

На Царкњас му било побарано да плати околу 45.000 евра во данок од вкупно 57.000 евра примени како донација за изградба на Македонска Православна Црква Света Злата Мегленска во С’Ботско (Аридеја), која, како и сите други работи, не е признаена од Грчката држава.

Царкњас овие средства ги прифатил како донација во корист на црквата во заедницата, и затоа тој и одговорил на Управата за Данок на Доход дека немал законска обврска да ги пријави како “приход”. Канцеларијата го одбила неговото барање и ја уважила казната. По поднесената жалба во јануари 2018 година, Царкијас бара поништување на илегално издадената парични казни. Ако грешката не се поправи, тој е подготвен да ја тужи јавната администрација за прекршување на даночниот законик и бесрамната нелегална дискриминација против него, врз основа на неговото етничко наследство и верскиот идентитет.

Неправдата против Архимандритот Царкњас се одвива децении, како активист за човекови права, тој е уапсен повеќе од десетина пати, вклучувајќи и физички нападнат од грчки полицаец.

Историски гледано од 1913 година со извршената анексија од страна на Грција во егејскиот дел, Грција има извршено етничко чистење, геноцид и сурови злосторства против етнички Македонци во регионот. Се со цел да се обезличат Македонците Грција оди до тој степен што забранува изградба на нови македонски православни цркви и замена на античките преку конфискација од страна на Грчката православна црква, процес кој вклучувал отстранување на антички икони и надгробни споменици.

Македонците се постојано цел на прогон во Грција и тие не се признаени како малцинство без разлика на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и од извештаите на ОН дека во Грција постои малцинство кое е автохтоно и дека го збори македонскиот јазик, со своја култура, традиција и обичаи.

Со своја реакција се јави и Обидинетата Македонска Дијаспора каде побара сите релевантни меѓународни организации кои се занимаваат со мониторирање на верските слободи и права да го осудат овој најнов случај во Грција.