вторник, 21. август 2018. Вести денес: 50
home Вести

Апостолоски: Наместо 5 милиони евра за дислоцирање на галиите, да се изградат градинки и училишта во Ѓорче Петров

Апостолоски: Наместо 5 милиони евра за дислоцирање на галиите, да се изградат градинки и училишта во Ѓорче Петров

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма од локалните избори имаше предвидено да изгради две нови градинки во Волково и Ново Село и ново училиште во општина Ѓорче Петров. Со ова требаше да се решат проблемите на граѓаните на Ѓорче Петров. Овие проекти чинат близу 2 до 3 милиони евра.

-Разочарувачки и иритантно е Шилегов да се расфрла со народни пари за дислоцирање на објекти што не му се допаѓаат. На Петре Шилегов од нигде никаде му текнало со 5 милиони евра да размонтира галии од реката на Вардар, за кои притоа не е даден ниту еден денар од Градот Скопје и сите тие се во приватна сопственост. Во тој случај има шанса сега градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски да го реши проблемот со недостигот на градинки и училишта во Ѓорче Петров. Наместо да дава Шилегов 5 милиони евра за галиите, нека пренамени половина од парите во Ѓорче Петров и да се изградат градинките и училиштето, вели Данијел Апостолоски, советник во Советот на општина Ѓорче Петров.

Според советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ова е класично недомаќинско и расипничко работење.

-Шилегов е спремен 5 милиони евра да фрли во вода, а не е кадарен да реализира проекти кои им се неопходни на граѓаните. Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите, или ако си заработил. Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на хировите на Петре Шилегов, вели Апостолоски.