Вести

Аплицирајте: Грантови за претпријатија кои сакаат да воведат иновација во своето работење

Сите наши проекти се насочени кон бизнисите. Грантовите кои ги доделуваме се наменети за претпријатијата кои што сакаат да воведат иновација во своето работење, односно кои што сакаат резултати од некакво истражување, од тестирање, дизајн на нов производ, да ги комерцијализираат и да ги продаваат на пазарот.

Ова го истакна Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, во информативната емисија „Интервју со …“ на регионалната телевизија Канал 1.

-Токму научно-истражувачките или високообразовни институции понекогаш се изворот на знаењата на новините во истражување и слично кои што може да се применат во бизнисот. Затоа покрај директна финансиска поддршка на бизнисот, даваме и финансиска поддршка на оние претпријатија чии што иновации се базираат на некакво истражување правено во рамки на факултетите. Така на пример кај инструментот за спин-оф претпријатија финансираме до 30.000 евра проекти на претпријатија кои произлегуваат од професори, студенти кои работеле на некакво истражување на универзитетите.

Фондот за иновации и технолошки развој досега има поддржано 4-5 вакви компании, но ќе продолжат и понатаму бидејќи, како што вели Поповска, интересот е голем.

-Има интерес, најголем е интересот кај студентите и професорите кои што работат на техничките факултети, додека имаме и можност преку инструментот за комерцијализација на иновации, индиректно овие научно-истражувачки високообразовни институции да бидат корисници на средства. На самиот овој инструмент може да аплицираат за гранд до 100.000 евра претпријатија- микро, мали и средни, меѓутоа во соработка со научно-истражувачка или високообразовна институција и на тој начин знаењето од универзитетите да се префрли во приватниот сектор.

Во продолжение погледнете го целото интервју на Поповска за регионалната ТВ Канал 1.