Вести

Анкета на ИПИС: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, паѓа на СДСМ

Расте довербата која граѓаните ја имаат во ВМРО-ДПМНЕ, додека на СДСМ опаѓа. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен во однос на изборите одржани на 11 декември, додека на СДСМ е опаднат. Ова се податоците кои ги покажува најновата анкета спроведена од Институтот за Политички  Истражувања  од Скопје  (ИПИС).

 

vmro-sdsm 280x320

За изборите во декември минатата година рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ според ИПИС бил 25,5 проценти, додека сега изнесува 27,1 процент. СДСМ за предвремените парламентрани избори имале рејтинг од 24,4 проценти, а истиот сега изнесува 21,8 проценти. Кај сите партиите од албанскиот блог се забележува пад на рејтингот.

rejting-komparacija

Доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори, најголема поддршка од граѓаните ќе добие ВМРО-ДПМНЕ. Според резултатите, 27,1 проценти од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 21,8 проценти.

grafikon-1-anketa

За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 34,3 проценти од етничките Македонци, а за СДСМ 24,3.

anketa-tabela-1

Етничките Албанци најголема доверба имаат во ДУИ од 21,4, додека 13 проценти од етничките Албанци својот глас би го дале за СДСМ. Под 10 проценти доверба имаат ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците.

anketa-tabela-2

Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.