Вести

Алармантно во делчевско: Пожар се шири кон куќи, црква и шума- Владата не реагира!

Огромен пожар ги зафати двете делчевски села Селник и Киселица.

Очевидци за Курир велат дека глетката е како во хорор филм. Веќе се зафатени куќи, голема количина на шума и трева, а во моментов постои опасност кон сите страни бидејќи пожарот неконтролирано се шири.

-Загрозен е споменикот на културата, црквата „Света Петка“ која постои од 13-ти век. Нападнати се повеќе маала. Огнените јазли се шират на сите страни, граѓаните се во паника. Побаравме помош од Владата, АРМ и ЦУК, но засега нема. Ги молиме нека реагираат, истакна очевидец за Курир.

Силниот ветер само ја зголемува опасноста. Пожарот се шири неконтролирано, на сите страни. Има изгорени куќи, плевни, насади.

Жителите вознемирени чекаат помош, но надлежните не реагираат.