Вести

АЛАРМАНТНО: Огромен пожар на 10-тина метри од куќите во Ѓорче Петров, а Заев, Николовски, Буџаку и Владата ги оставија граѓаните (ФОТО)

На само десеттина метри од куќите на скопско Ѓорче Петров се разгорува огромна огнена стихија, загрозени се куќите. Дел од жителите ги напуштаат домовите.

Огромната огнена стихија избега од контрола поради силниот ветар и го зафати прсторот помеѓу скопско Кондово и влезот во Скопје кај Ѓорче Петров.

Огнената стихија е на само десетина метри од куќите и луѓето се самоорганизираат да се справат со пожарот.

Нема никаква помош од канадерите, ниту пак некаква поорганизирана помош. Додека ова се случува, министерот за земјоделие Љупчо Николовски е на одмор во Шпанија.

На социјалните мрежи се шпекулира дека има и повредени лица, бидејќи на лице место можат да се забележат и екипи на брзата помош.