четврток, 21. јуни 2018. Вести денес: 9
home Вести

Алаѓозовски исвиркан од Вевчанци и поздравен со паролата „И јас сум терорист” (ФОТО)

Алаѓозовски исвиркан од Вевчанци и поздравен со паролата „И јас сум терорист” (ФОТО)

Eден од најпопуларните карневали во државата Вевчанскиот и оваа година предизвика огромно внимание и голема посетеност.

Попладнево се случи и дефилето на маски и одново стотици маскирани вевчанци продефилираа пред публиката.

Преку голем број маски изработени до совршенство, вевчанци ги исмеаа актуелните политички случувања и новата власт во државта.

Со натписи “Македонците не се терористи”, “Каква Влада таков василичар”…., маскираните потсетија на апсењето на пратеникот од оваа општина Крсто Муковски, а присуството на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, според информациите било исвиркано, објави порталот Маркукуле.

Преку маските вевчанци го бркаат злото и го слават светецот Василиј.