Вести

Академик Ѓурчинов: Тиранската платформа е запаллива, недопустливо е да се лансира

Денеска во МАНУ се одржа 50. Годишно собрание на кое актуелната политичка ситуација и платформата на албанските партии беше главна тема за дискусија.

На денешната седница на МАНУ, на која тема на расправа беше и Тиранската платформа, академик Милан Ѓурчинов истакна дека платформата во овој момент е недопустливо да се лансира, бидејќи како што рече, е запаллива и може да предизвика несовладлив оган.