Освежено 22:21:01
Вторник, 16 Септември 2014

Државна лотарија на Македонија во континуитет ја продолжува својата акција, да ја донесе среќата во секој дом.

bingo.jpg-500

Спојувајќи ги традицијата со модерното, создадовме нови игри на среќа кои ве водат до бројни стокови и парични добивки од една, но и многу забава од друга страна. Чекорејќи по патот на изненадувањата со кои ги освојуваме срцата на нашите играчи, Државна Лотарија на Македонија ви ја најавува втората сезона од семејната игра  на среќа - Џамбо Бинго.

Државна лотарија на Македонија со задоволство го најавува почетокот на новата сезона ЏАМБО БИНГО со што продолжуваме во свој дух, да ги радуваме среќните играчи

Во знак на многубројните добивки, слоганот на оваа семејна игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е ВЕЖБАЈ РАДУВАЊЕ. Слоганот на играта се однесува на сите потенцијални добитници на една од бројните добивки од богатата игра на среќа Џамбо Бинго, за која на радост на приредувачот интересот е навистина голем.

Веруваме дека оваа семејна игра на среќа ќе ги исполни очекувањата на сите во врска со се што е синоним за играта на среќа - Бинго. И во оваа сезона повторно со нас е фантастичниот и препознатлив за играчите на оваа игра - Игор Џамбазов, овој пат придружуван од прекрасната Марјана.

Гледачите преку МРТ ќе добијат забава преку самата емисија, која го задржува својот тренд за емитување- понеделник. Туку се и бројните добивки кои заедно со носечкиот концепт на самата игра, лепезата од дополнителни сегменти кои само ја дополнуваат можноста за забава и добивки ќе се обидува да го лови сечие внимание. Нашата идеја е токму овој концепт да се менува  и надополнува од емисија во емисија, со што целиот тим на Државна Лотарија на Македонија верува дека телевизиското извлекување на играта на среќа Џамбо Бинго ќе биде повторно интересно и за играчите, но и за гледачите.  Во оваа втора сезона, играта Џамбо Бинго ќе донесе новини во збогатување  на фондот на добивките, но и збогатување во игрите за забава и добивки.

Вежбајте радување со Џамбо Бинго од вечерва во 20 ч. на МТВ прва програма.

Спонзорирани линкови