sajtnagodinata.mk
Освежено 12:24:02
Петок, 24 Мај 2013
Вести денес: 65

Вработувањата во „Кемет електроникс“ се остваруваат со поголема и побрза динамика од предвиденото.

kemet

Челниците се задоволни од условите за работа во Македонија и од квалификуваната работна сила.

Директорот на Агенцијата за индустриски и развојни зони, Виктор Мизо, за Курир вели дека веќе се вработени над 100 луѓе, а во почетокот на наредната година ќе се вработат уште 50.

-Во рамките на постоечкиот објект, вкупната бројка на вработувања треба да достигне до 500. Сопствениците велат дека во Македонија нашле плодна почва за реализирање на инвестицијата, но истовремено многу лојална и соодветна работна сила. Затоа, вработувањата се остварени со побрза од предвидената динамика, вели Мизо.

Луѓето кои започнаа со пробното производство, пред неколку месеци беа пратени на обука во Велика Британија и Италија, во постоечките погони на „Кемет електроникс“. Челниците на компанијата се многу задоволни од квалитетот на македонскиот кадар.

Сопственикот е задоволен што 90 отсто од вработените комуницирале на англиски јазик, употребувајќи ги своите вештини. Со другите нивни вработени од Балканот, тоа не било случај.

За Македонија првите луѓе од компанијата не штеделе пофални зборови.

-Диреторот на компанијата кажа дека посетата на Универзитетите, квалитетот на едукацијата и квалитетот на луѓето е нешто што е многу позитивно за Македонија. Она што го виделе во Македонија за нив било над очекувањата, вели Мизо за Курир.

masini500

Досега „Кемет електроникс“ во фабриката вложи 20 милиони долари, а вредноста по доаѓањето на сите машини ќе биде над 35 милиони долари.

Фабриката се простира на површина од 11 илјади метри квадратни и 9 илјади метри квадратни производствен капацитет. Во моментов има две производни линии, а треба да се пуштат уште седум. Моментално се 100 вработени, до март 2013 треба да достигнат 150, до крајот на 2013 – 250, а до заокружување на инвестицијата со дополнителни 10-15 милиони долари ќе достигне 500 вработувања.

Инаку Американската компанија Кемет е со 85-годишна историја со седиште и два иновативни центри во Јужна Каролина, САД. Производствени објекти има во Мексико, Кина, Италија, Ангалија, Финска, Шведска, Португалија, Индонезија, Германија, Бугарија.

Спонзорирани линкови

Krill_web_baner_300x250

Избор на уредникот

„Отвореноста ја прави Македонија конкурентна на картата на инвеститори“

News image

Економски тим на Владата на Република Македонија предводен од премиерот Никола Груевск...

Да и помогнеме на Маја!

News image

Младата Маја Керова-Бабунска е мајка на две ќерки, а боледува од рак на дојка.

Терасата – видиковец на „Порта Македонија“ од денес отворена за посетители

News image

Терасата – видиковец на објектот „Порта Македонија“ од денеска повторно е отворена за ...

  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена
lider-banner-300x250