Вести

800 вработени од три градежни компании остануваат без работа

800 вработени лица од три градежни компании остануваат без работа до крајот на годината, а до сега се отпуштени некаде околу 500 лица. ДЗС денеска соопшти дека очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали во наредните три месеци.

 

Главното образложение на градежните компании е дека нема работа и градежништвото е во слобеден пад, а со тоа и 25 други гранки кои се поврзани со градежништвото.  Денес Државниот завод за статистика (ДЗС) излезе со оценка дека очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали во наредните три месеци.

-Очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали во наредните три месеци.  Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2017 е понеповолна во однос на претходното  тримесечје, а поповолна во однос на третото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со  порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна, додека оценката за финансиската состојба е  понеповолна во однос на претходното тримесечје, се вели во соопштението од ДЗС.

Најголемо влијание врз ограничувањето на подобрувањето на тековната градежна активност имаат следните  фактори: зголемени трошоци за материјали со 22.6%, нема побарувачка со 16.8%, конкуренција во сопствениот  сектор со 14.5% и зголемени финансиски трошоци со 12.8%.

Дополнително за пад во градежништвото говорат и податоците на Државниот завод за статистика, во август 2017 година се издадени за 6.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.